петок, 23. јули 2021. Вести денес: 180
home Останати спортови

Надал загуби на Роланд Гарос, Новак го симна од тронот

Надал загуби на Роланд Гарос, Новак го симна од тронот

Новак Ѓоковиќ одигра маестрален меч и го победи Рафаел Надал на турнирот на кој владее, српскиот тенисер славеше со 3-1 и се пласираше во финалето каде ќе игра со Циципас.

Вторпат во кариерата Новак Ѓоковиќ го победува Рафаел Надал на Ролан Гарос, Шпанецот само од двајца тенисери загубил на овој грен-слем турнир.

Ѓоковиќ лошо го почна мечот, Надал тргна со 5-0, а го доби првиот гејм со 6-3. Но потоа на сцена стапи Србинот кој значително го крена нивото и почна да ги добива поените.

Новак возврати на ист начин, со 6-3 во вториот сет за изедначување на 1-1. Потоа следуваше сет во кој се играше тај-брејк, Ѓоковиќ го доби со 7-4, а најубедлив беше во четвртиот сет кој го доби со 6-2.

По крајот Ѓоковиќ изјави дека ова му е најдобриот меч на Ролан Гарос и еден од трите најдобри во кариерата.

„Најдобар меч, најдобра атмосфера на која сум играл на Ролан Гарос против мојот најголем ривал. Дефинитивно ова е еден од моите најдобри три меча во кариерата“, изјави Новак Ѓоковиќ по натпреварот.

Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Стефанос Циципас кој беше подобар од Александер Зверев.

Коронавирус