сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Надал со сензационално откритие за натпревар со Федерер

Надал со сензационално откритие за натпревар со Федерер

Рафаел Надал направи сензационално откритие за легендарното финале на Вимблдон во 2008 година, кога го победи Роџер Федерер по епска битка и го освои трофејот на „светата трева“ за прв пат во својата кариера.

Тој ја прекина серијата од 5 последователни триумфи на Швајцарецот откако победи по 4 часа и 48 минути игра со 6:4, 6:4, 6:7, 6:7, 9:7. 34-годишниот Шпанец изјави за „Мовистар +“ дека поради силна болка во нозете морал да игра финале против Федерер под инјекција.

– Никогаш порано не сум разговарал за тоа, но во овој меч играв под инјекција. И не само во него, туку и на неколку претходни мечеви. Прекинот поради дождот ги искомплицира работите, затоа што инјекцијата функционира некое време, а без тоа не можев. Морав да ми ставаат инјекции затоа што без нив едноставно не можев да издржам. Пред финалето скоро и да не тренирав затоа што не можев да стојам на нозе. Бев многу нервозен поради инјекцијата бидејќи не знаев колку долго ќе функционира, рече Надал, кој има 2 титули на „Вимблдон“.

Коронавирус