среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Останати спортови

Надал со мали проблеми во четвртфиналето на АТП турнирот во Барселона

Надал со мали проблеми во четвртфиналето на АТП турнирот во Барселона

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се уште не може да го стекне континуитетот во играта кој сигурно го посакува, па така и денеска успеа да загуби еден сет во вториот меч во Барселона.

Шпанскиот бик од Мајорка започна фуриозно против Кеи Нишикори и едноставно беше непогрешлив на теренот, а во сетот кој го доби со 6:0. Рафа забележа пад во вториот сет и истиот беше надополнет со далеку подобра игра од Нишикори, кој со агресивен пристап го доби овој дел од играта со 6:2 и израмни на 1:1.

Домашниот тенисер не дозволи ново изненадување, па откако вчера загуби сет од Ивашка, денеска со 2:1 го победи и Нишикори за пласман во четвртфиналето во Барселона.

Надал го доби третиот сет со 6:2, а негов противник во следната рунда ќе биде Камерон Нори од Британија.

Коронавирус