недела, 9. мај 2021. Вести денес: 134
home Останати спортови

Надал се врати со победа по повредата на грбот

Надал се врати со победа по повредата на грбот

Третиот тенисер на АТП ранг-листата Рафаел Надал се пласираше денеска во третото коло на Мастерс турнирот во Монте Карло триумфирајќи над Аргентинецот Федерико Делбонис со 6:1, 6:2.

На шпанскиот тенисер му беа потребни еден час и 22 минути игра да го совлада 87. светски рекет.

За Надал ова беше прв меч од 17 февруари и четвртфиналето на Австралија Опен, по што паузираше поради повреда на грбот.

Шпанскиот тенисер има 11 трофеи на турнирот во Монте Карло, а во следното коло ќе игра против Бугаринот Григор Димитров.

Коронавирус