недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Останати спортови

Надал се враќа на теренот на крајот од февруари

Надал се враќа на теренот на крајот од февруари

Лидерот на светската АТП листа, Рафаел Надал (Шпанија) потврди дека ќе биде подготвен да се врати на теренот на турнирот во мексиканскиот град Акапулко, кој почнува на 26 февруари.

Надал се опоравува од повреда на мускулот на левата нога, која го принуди да се откаже во почетокот на петтиот сет во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија во текот на минатиот месец.

Шпанецот се лекува во специјализирана клиника во Мадрид, а се очекува до крајот на неделава да започне со тренинзи.

Тој треба да стигне до полуфиналето во Акапулко, ако сака да ја задржи лидерската позиција во рангирањето на АТП.

Коронавирус