петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 164
home Останати спортови

Надал се квалификуваше во полуфиналето на „Мастерс“ турнирот во Париз

Надал се квалификуваше во полуфиналето на „Мастерс“ турнирот во Париз

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го совлада Жо-Вилфред Зонга со 7-6 (7-4), 6-1 и се квалификуваше во полуфиналето на „Мастерс“ турнирот во Париз.

Надал го скрши отпорот на Французинот за 1 час и 35 минути и продолжува напред во турнирот без да изгуби сет.

Негов противник на патот кон финалето ќе биде Денис Шаповалов, кој за точно еден час го совлада Гаел Монфис со 6:2, 6:2.

Триесет и три-годишниот Надал и 13 години помладиот од него Шаповалов досега се сретнаа двапати и разменија по една победа.

Претенденти во другото полуфинале денес ќе бидат Новак Ѓоковиќ и Бугаринот Григор Димитров.