четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 87
home Останати спортови

Надал прв тенисер со поминати 6.000 дена по ред во Топ 10

Надал прв тенисер со поминати 6.000 дена по ред во Топ 10

Дваесеткратниот грен слем шампион Рафаел Надал е првиот тенисер со поминати 6 000 дена по ред во Топ 10.

Шпанецот за првпат влезе помеѓу најдобрите десет играчи на 25 април 2005 година и оттогаш е во светската тениска елита.

Во моментов Надал е на 7. место на светската АТП ранг-листа.

Инаку, Роџер Федерер е првиот што има 6 000 дена во Топ-10, но не последователно, односно во текот на серијата ги има напуштено десетте најдобри.

Коронавирус