четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 85
home Останати спортови

Надал пред мечот со Федерер: Ако не му создадам проблеми, јас ќе имам такви

Надал пред мечот со Федерер: Ако не му создадам проблеми, јас ќе имам такви

Рафаел Надал му даде само пет гема на Кеј Нишикори и се пласира во полуфиналето на „Ролан Гарос“, каде го очекува Роџер Федерер. Светскиот број 2 е подготвен за епизодата бр. 39 од тениското „Ел Класико“, во која води со 25:13 во победи.

– Ако треба да сум чесен, за мене најважно е фактот дека сум во полуфиналето. Начинот на кој играм е многу позитивен. Играв цврсто и освоив натпревари против тешки противници. Фактот дека Роџер стои пред мене во полуфиналето, е дополнување на сето ова. Со него ги споделивме најважните моменти во нашата кариера, соочувајќи се еден против друг. Следува нова епизода. Тоа ќе биде посебен момент и се надевам дека ќе бидам подготвен за него, рече 11-кратниот шампион во Париз.

И двајцата се соочија само еднаш во оваа фаза на турнирот – во 2005 година, а Надал беше победник. Потоа следеа четири финалиња на Ролан Гарос, во кои триумфираше „Кралот на земја“.

– Секој натпревар е различен, нема два исти натпревари. Секогаш пробуваме различни работи. Очекувам дека ќе игра агресивно, ќе го смени ритамот и ќе излегува на мрежата. Морам да бидам солиден и да ја погодувам топката толку силно, за да не му дозволувам да излезе во добри позиции. Ако играм добро од форхенд и бекхенд, се надевам дека ќе му создадам проблеми. Ако не, јас ќе имам такви, рече Надал со насмевка.