сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 72
home Останати спортови

Надал по поразот во Рим: Не бев на ниво

Надал по поразот во Рим: Не бев на ниво

Вториот тенисер во светот, Рафаел Надал изјави дека не го играл својот најдобар тенис во Рим. Аргентинецот Диего Шварцман го победи Надал по два сета (6: 2, 7:5) и се пласираше во полуфиналето.

Надал по мечот призна дека не бил на неговото препознатливо ниво.

– Јас не бев на мое ниво, и тој играше одлично и кога ќе се случи такво нешто, тогаш е реално да се изгуби натпревар. Одиграв два добри натпревари по паузата и сега еден лош натпревар, имав долга пауза и не играв долго време. Тој играше доволно добро и нема премногу изговори. Тоа се фактите. Беше тешка ноќ за мене. Условите беа лоши. Беше многу влажно и топката не отскокнуваше како што треба. Тешко ми беше да ја играм својата игра, рече Надал.

Надал има уште една недела да се подготви за Ролан Гарос, кој го има освоено 12 пати.

Отвореното првенство на Франција започнува на 27 септември.

Коронавирус