четврток, 5. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Останати спортови

Надал нема да игра на Вимблдон и Олимписките игри

Надал нема да игра на Вимблдон и Олимписките игри

Рафаел Надал нема да игра на Вимблдон и на Олимписките игри во Токио.

-Одлучив да не учествувам. Тоа никогаш не е лесна одлука, но откако го послушав своето тело и разговарав со својот тим сфаќам дека тоа е вистинската одлука, објави Надал на социјалните мрежи.

Тенисерот додава дека е целата е да ја продолжи својата кариера и да го работи тоа што го прави среќе. Кусата пауза меѓу Ролан Гарос и Вимблдон влијаела на одлуката на Шпанецот.

-Фактот дека имаме само две недели меѓу Ролан Гарос и Вимблдон направи на моето тело да не му е лесно да се опорави по напорната сезона. Зад мене се два напорни месеци и со оваа одлука сакам да се фокусирам на среднорочни и долгорочни патеки. Спортската превенција од несакани последици е важен фактор во оваа фаза од мојата кариера, за да можам да се борам на највисоко ниво за титули, објаснува Надал.

Надал два пати во освои Вимблдон во 2008 и 2010 година, а во последните два настапи беше запрен во полуфиналето, во 2018 од Новак Ѓоковиќ, а една година подоцна од Роџер Федерер.

Коронавирус