среда, 23. септември 2020. Вести денес: 42
home Останати спортови

Надал, Ѓоковиќ, Федерер или ново изненадување? Започнува завршниот Мастерс во Лондон

Надал, Ѓоковиќ, Федерер или ново изненадување? Започнува завршниот Мастерс во Лондон

Трибините се речиси целосно во мрак, а на теренот блескаат двајца од осуммината најдобри тенисери во сезоната која е пред самиот крај. Тоа значи дека започнува кулминацијата на сезоната и борбата за 1.500 бодови, односно вечерва стартува најпрестижниот Мастерс – завршниот турнир на АТП, кој се игра во прекрасната „О2“ Арена во Лондон.

Овогодишниот турнир е посебен по многу сегменти – може да биде последниот со големата тројка во борбата за трофеј, а исто така ќе интересна ќе биде борбата на Рафал Надал и Новак Ѓоковиќ за челната позиција на АТП ранг-листата.

Првиот ден започнува со меч меѓу српскиот ас и дебитантот на овој Мастерс Бератини од Италија (15:00 часот), додека вечерниот термин е резервиран за миленикот на домашната публика Роџер Федерер кој ќе се сретне против Доминик Тием.

Утре на програмата следуваат дуелите од групата А, која ја сочинуваат Надал, Зверев, Циципас и Медведев. Во првото коло Надал игра против Зверев, додека Циципас ќе се судри со Медведев.

Бранител на титулата на Мастерсот во Лондон е Александар Зверев, кој лани во големото финале со сигурни 2-0 го совлада Новак Ѓоковиќ.

Коронавирус