сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Надал елиминиран во Монте Карло од Рубљов

Надал елиминиран во Монте Карло од Рубљов

Рускиот тенисер Андреј Рубљов го изненади Рафаел Надал во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако славеше со 2-1 по сетови 6-2, 4-6 и 6-2.

Надал го загуби првиот гем на свој сервис и во вториот сет, но потоа следеше голема борба, при што не беа искористени многу брејк топки од двата тенисери во петтиот и шестиот гем, но потоа Шпанецот освои два брејка и го доби сетот со 6-4.

Рубљов доминираше во последниот сет, а Надал едноставно не можеше да фати ритам и го загуби третиот сет со 2-6, а со тоа беше елиминиран од Мастерсот во Монте Карло.

Коронавирус