сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 62
home Останати спортови

Надал без проблеми го помина првото коло на Ролан Гарос

Надал без проблеми го помина првото коло на Ролан Гарос
RAFAEL NADAL (ESP) MADRID OPEN, MAGIC BOX, MADRID, SPAIN, 2019 ATP 1000, WTA PREMIER MANDATORY MEN & WOMEN © TENNIS PHOTO NETWORK

Еден од најдобрите тенисери во светот Рафаел Надал тргна успешно во одбрана на титулата на Ролан Гарос откако славеше против Алексеј Попирин со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-2 и 7-6.

Надал рутински ги доби првите два сета во кои Попирин немаше што да бара, додека во третиот сет даде голем отпор и имаше предност од 5-2, но Шпанецот повторно го покажа неговиот квалитет.

Надал спаси неколку сет топки на ривалот и потоа направи пресврт, по што во тај-брејкот го реши Попирин со 7-3 и така се пласираше во следното коло во кое ќе игра против Ришар Гаске.

Коронавирус