четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 50
home Останати спортови

Начинот на кој победи холандската атлетичарка на ЛОИ во Токио ќе се памети вечно – публиката не им веруваше на сопствените очи (ВИДЕО)

Начинот на кој победи холандската атлетичарка на ЛОИ во Токио ќе се памети вечно – публиката не им веруваше на сопствените очи (ВИДЕО)

Сифан Хасан освои златен медал за 5.000 метри на Олимписките игри во Токио, но тоа што го направи на трката на 1.500 метри е веројатно досега невиден подвиг во атлетиката.

На 300 метри од целта Холанѓанката, со потекло од Етиопија, се судри со една од колешките и падна. Во такви ситуации, атлетичарите обично го губат ритамот и одлучуваат да прекинат, но Хасан направи чудо.

Ги изненади сите кога се крена и продолжи да трча, како ништо да не се случило. И не само тоа, туку од претпоследно место успеа да се пробие и да победи на спектакуларен начин.

Поради тоа стана хит на социјалните мрежи и хероина на денот на Олимписките игри во Токио.

Коронавирус