недела, 18. август 2019. Вести денес: 66
home Останати спортови

На „Турнејата околу Полска“ ќе се вози круг во спомен на трагични починатиот Ламбрехт

На „Турнејата околу Полска“ ќе се вози круг во спомен на трагични починатиот Ламбрехт

Четвртата фаза од велосипедската турнеја низ Полска нема да се одржи. Натпреварувачите ќе возат само по еден круг во спомен на белгискиот велосипедист Бјорг Ламбрехт.

Ова го најави шефот на Здружението на професионални велосипедисти на Полска Јарослав Мариќ.

– Четвртата етапа ќе биде во знак на Ламбрехт. Нема да има натпреварувачки карактер, соопшти Мариќ.

Дваесет и две годишниот Ламбрехт го загуби животот по тежок пад. Му била укажана прва помош и реанимација, по што бил однесен во болница во критична состојба. Тој почина за време на операција.