недела, 16. декември 2018. Вести денес: 66
home Останати спортови

На Стенковец се возеа Ендуро трки

На Стенковец се возеа Ендуро трки

На спортскиот полигон „Стенковец“ во близина на Скопје викендот се одржа третиот по ред ,,Off Road Show 2018”.

Натпреварот беше поделен во два дела. Првиот дел беше ендуро возње по трасирана патека низ падините на Скопска Црна Гора во должина од околу 35 км,а вториот дел беше специјален испит на вешто возење каде што возачите требаше да поминат повеќе препреки за што пократко време.

Овој натпревар се бодуваше за македонскиот Ендуро шампионат.

 

(МИА)