петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

На распоредот на ФИНА во август Охридското Езеро два официјални пливачки маратони

На распоредот на ФИНА во август Охридското Езеро два официјални пливачки маратони

Претстојната летна сезона Охрид и Охридското Езеро ќе бидат домаќини на две големи пливачки манифестации од светски ранг во организација со Светската пливачка федерација (ФИНА).

На календарот официјални спортски пливачки манифестации на ФИНА во август на Охридското Езеро ќе се пливаат трката на 25 километри од Свети Наум до Охрид, како втора од распоредот светски маратонски трки на отворени води, како и олимписката дисциплина на 10 километри, седма по ред од серијата за бодување на ФИНА.

Популарно наречениот голем пливачки маратон е закажан за 21 август, додека десеткилометарската трка е на календарот една седмица подоцна на 28 август.

И двете трки се организирани во соработка на ФИНА со Пливачката федерација на Северна Македонија.

Коронавирус