сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 5
home Останати спортови

Можна целосна забрана за гледачи на ОИ во Токио

Можна целосна забрана за гледачи на ОИ во Токио

Претстојните Олимписки игри (ОИ) во Токио би можеле во целост да се одржат без присуство на гледачи, најави денеска претседателката на Организацискиот одбор, Сеико Хашимото.

Во март беше донесена одлука да биде забрането доаѓање на навивачи од странство, а поради сè потешката епидемиолошка состојба во Јапонија поврзана со коронавирусот, конечната одлука дали на Јапонците ќе им биде дозволен влез на олимписките борилишта е одложена за јуни, еден месец пред почетокот на Игрите.

– Нашата прва цел е Игрите да ги одржиме безбедно, како за спортистите, така и за целото јапонско население. Тоа значи дека Игрите би можеле да бидат одржани во целост без гледачи, доколку состојбата со пандемијата биде лоша, изјави Хашимото.

– Анкетите покажуваат дека нашите сограѓани се загрижени и доколку состојбата не се подобри тогаш ќе донесеме одлука да нема гледачи, додаде првиот човек на Олимпискиот одбор.

Коронавирус