Останати спортови најбрзо време

МотоГП: Јубилејна 100 полпозиција за Марк Маркез

Денеска на распоредот е и „спринт“, додека трката за ГН на Италија е закажана за утре со почеток во 14 часот.

МотоГП: Јубилејна 100 полпозиција за Марк Маркез

Шпанецот Марк Маркез на Дукати го постигна најбрзото време на квалификациите во класата Мото ГП пред неделната трка за Големата награда на Италија на патеката Муџело.

Ова беше шеста полпозиција за Маркез оваа сезона, 72 во класата Мото ГП и 100 во неговата кариера.

„Многу сум среќен бидејќи тоа беше вистинска пол-позиција. Темпото не беше лошо, но морам да бидам трпелив бидејќи во попладневните часови со порастот на температурата сето тоа може да се промени“, рече 32-годишниот Шпанец.

Денеска на распоредот е и „спринт“, додека трката за ГН на Италија е закажана за утре со почеток во 14 часот.

По осум трки сезонава, Маркез води со 233 бодови пред својот брат Алекс (201) и Италијанецот Франческо Бањаја (140).

To top