Останати спортови „кралската класа“

Мото ГП: Жоан Зарко ја освои Големата награда на Франција (ВИДЕО)

Трет беше возачот на тимот Гресини Рејсинг, Шпанецот Фермин Алдегер, кој беше 26,532 секунди зад Зарко.

Мото ГП: Жоан Зарко ја освои Големата награда на Франција (ВИДЕО)

Возачот на тимот „Кастрол Хонда ЛЦР“, Французинот Жоан Зарко, е победник на денешната трка во шампионатот Мото ГП за Големата награда на Франција.

Зарко ја оствари својата втора победа во кариерата во „кралската класа“ во Ле Ман со време од 45:47.541. Второто место му припадна на возачот на Дукати, Марк Маркез, Шпанија, со заостанување од 19,907 секунди зад победникот.

Трет беше возачот на тимот Гресини Рејсинг, Шпанецот Фермин Алдегер, кој беше 26,532 секунди зад Зарко.

To top