четврток, 5. август 2021. Вести денес: 131
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Останати спортови

Мото ГП: Откажана трката за Големата награда

Мото ГП: Откажана трката за Големата награда

Трката од Светското првенство во мотоциклизам за Големата награда (ГН) на Тајланд, која на 17 октомври требаше да се одржи на патеката Бурирам, е откажана поради пандемијата на Ковид-19 и рестрикциите поврзани со коронавирусот, соопштија денеска организаторите.

Во соопштението на компанијата „Дорна“, која располага со правата за трките од Светското првенство во мотоциклизам, се наведува дека „МотоГП се радува на враќање на трката пред исклучително страсните гледачи во Бурирам во 2022“.

Ова е веќе четврта откажана трка од оригиналниот календар во МотоГП, по трките во Финска, во Јапонија и во Австралија.

Сè уште не е познато дали и кога ќе се одржи трката за Големата награда на Аргентина.

Досега се одржаа половина од 18 трки, кои сè уште се во календарот, а последната трка се возеше во холандски Асен на 27 јуни.

Коронавирус