четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 116
home Останати спортови

Мото ГП: Марк Маркез повторно предизвика инцидент

Мото ГП: Марк Маркез повторно предизвика инцидент

По вчерашните возбудливи квалификации, стјуардите на ФИМ одлучија да го казнат Маркез заради неговото небрежно возење и тој вечерашната трка ќе ја започне од четвртата позиција.

Искри летаа на патеката во Тексас за време на вчерашните квалификации. Маркез во моментите кога имаше најдобро време излета од патеката во свиокот број 13 и брзаше назад кон боксот по својот втор мотор бидејќи конкурентите почнаа да го стигнуваат неговото време.

Маркез успеа да се врати назад на патеката и да ја забележи шестата последователна пол позиција во САД, а човекот кој постојано му беше зад петици не успеа да го тргне од тронот. Барем не веднаш.

Вињалес возеше фантастично во текот на целиот викенд, на четвртиот тренинг започна пеколно темпо кое останатите возачи не можеа да го следат, а за време на квалификациите кога беше на добар пат да дојде до пол позицијата во неговата линија на движење се најде Марк Маркез кој го спречи во намерата. Вињалес до крајот мораше да се задоволи со втората стартна позиција, но стјуардите на ФИМ по завршувањето на квалификациите го казнија Маркез за небрежното возење и пол позицијата сега е во рацете на Вињалес.

Маркез ќе стартува три позиции поназад он она што го оствари, од четвртата позиција, веднаш пред Валентино Роси. Вечерва не очекува навистина возбудлива трка, не ја пропуштајте од 21 часот во живо на СпортКлуб 3 каналот.