понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Останати спортови

Монфис: Да ги победам Надал и Ѓоковиќ? Поголеми се шансите да добијам на лото

Монфис: Да ги победам Надал и Ѓоковиќ? Поголеми се шансите да добијам на лото

Гаел Монфис игра одлично во оваа календарска година каде веќе успеа да освои два турнири во Монпелје и Ротердам, но без разликата на тие резултати францускиот тенисер не верува дека има големи шанси да слави на свое тло на „Ролан Гарос“ каде како што е познато доминира Рафаел Надал.

-Кога јас ќе кажам дека сакам да славам на Ролан Гарос тоа звучи тешко, затоа што практично имам повеќе шанси да добијам на лото отколку да успеам во тоа. За такво нешто е потребно да го победите Надал кој скоро и да нема загубено во Париз и кого никогаш го немам добиено на земја, -вели Монфис и додава:

-Треба да го победите и Тим кого никогаш го немам совладано, а кој е втор или трет најдобар играч на земја. Тука е и Ѓоковиќ кого никогаш го немам добиено во 16 мечеви. Сакам да стигнам до 5. место, бев шести. Сакам да дојдам до некое финале на Мастерс од серијата 1000. Зошто и да не го освојам? -заврши Гаел.

Парламентарни избори 2020