Останати спортови

Монца останува во календарот на Ф1

Монца останува во календарот на Ф1

Трката во Формула 1 за Големата награда на Италија во Монца ќе остане на календарот најмалку до 2031 година.

Организаторите го продолжија договорот со Формула 1 на уште шест години, а овој потег дојде откако беше завршена работата со модернизацијата на патеката, најстара во шампионатот.

На овогодишниот тркачки викенд во Монца присуствуваа 335.000 фанови, а победи возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Патеката Монца е изградена во 1922 година и е домаќин на трка секоја година од основањето на шампионатот во Формула 1 во 1950 година, освен во 1980 година кога патеката беше затворена поради реновирање.

На патеката во Монца во 2020 година, Луис Хамилтон од Мерцедес го извозе најбрзиот круг во историјата по просечна брзина, кога ја освои пол-позицијата со време од 1:18,887 минути, со просечна брзина од 264,362 километри на час.

To top