сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 59
home Останати спортови

Mолскавичен подем на македонското таеквондо

Mолскавичен подем на македонското таеквондо

Олимпискиот спорт таеквондо бележи сериозен и брз раст во Македонија,веќе три години претседател на Македонската Таеквондо Федерација е Др Борче Костовски кој што истовремено е и тренер на националниот тим.

Во последниот период македонското таеквондо бележи сериозни резултати во секоја смисла.Во последниве години се носат голем број златни медали од балкански првества,моментално Македoнија има тројца актуелни балкански шампиони,но се носат и значителни златни медали од највисок рангирани европски купови Г1 ранг.

Она што е особено важно е тоа што Македонија во последниве две години се закити со три медали од официални европски првенства,се започна со бронзениот медал на европско првенство од натуразилираната македонка Петра Мтијашевиќ во 2017 година,во 2018 година Дејан Георгиевски најпрво освои бронзен медал на европско првенство за млади сениори до 21 година при што за време на првата борба се здоби со скршеница на стапалото,беше приморан до бронзата да се бори со тешка повреда.

Во 2018 година на европско сениорско првенство Дејан Георгиевски се стекна со златен медал,со пет борби пет победи меѓу кои во финалето беше елиминирана супермоќната земја во таеквондо спортот Русија.Овој златен медал е историски успех за Македонскиот спорт воопшто,затоа што е првото злато во историја на самостојна Македонија донесено од европско сениорско првенство во олимписки спорт!

Трудот и страста која ја даваат тренерите на Дејан Георгиевски,Борче и Дарко Костовски се надеваме дека ќе не однесат на олимписките игри во Токио 2020 и од таму ќе се вратат со историски медал!

Претседателот на МТФ Др Борче Костовски истакнува дека македонското таеквондо има многу сериозни таленти кои можат да остваруваат големи успеси на сериозни натпреварувања,тој истакнува дека сите клубови членки на МТФ допринесуваат за развојот на македонското таеквондо и дека со заеднички сили како и до сега оваа федерација ќе бележи успеси за македонскиот спорт пред се!

Тој додава дека е сигурен во тоа дека сите институции кои треба да помагаат на спортот сериозно ја увиделе работата и успехот на македонското таеквондо и дека навистина сериозно ке се вложат за заеднички да носиме многу нови историски успеси.

Во продолжение ке презентираме неколку коментари за успехот на македонското таеквондо од страна на неколку високо стручни лица и национални селектори во своите држави.

Хрсто Михалчев- Национален селектор на репрезентацијата на Бугарија

Со моите спортисти имам освоено шест медали на европски првенства и еден златен на светско првенство.Со Борче се познавам околу 5 години,неговиот борбен дух е навистина забележителен.Откако Борче е претседател на македонската таеквондо федерација таеквондото во Македонија бележи огромни успеси,Дејан Георгиевски стана европски сениорски шампион со огромни шанси да се пласира на олимписките игри во токио 2020.Посакувам успешна работа на Борче и уште поголеми успеси! –  Михалчев.

Харис Хусиќ – Национален селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина

Борче го познавам 7 години се гледаме на сите Г1 класа турнири и на сите европски и светски првенства,трудот и добрата работа на Борче ги приметив пред неколку години,тој пат е премногу тежок бара многу пот и знаење но покрај силната волја потребни се и многу  пари,македонската таеквондо федерација минатите години работеше многу добро,создаваше многу добри борци,за 2018 се закити со златен сениорски медал на европско првенство успех што не успеа да го постигне ниту една балканска земја на европското првенство.Секоја чест на работата и залагањето посакувам многу среќа понатака.- Хусиќ.

Марин Дујиќ – Олимписки тренер,национален селектор на репрезентацијата на Србија

Борче е човек што многу брзо учи  и напредува,како во животот така и во спортот прифаќа совети и е отворен за соработка.Пред три години бев во Македонија одржав неколку тренинзи и увидов голем потенцијал и голем простор за напредок.Борче направи нешто што никој го нема направено во историјата на македонското таеквондо создаде европски првак во таеквондо во тешка категорија,тоа е неверојатен успех за вака мала земја.Посакувам многу нови успеси!- Дујиќ.

Станимир Лазаров- Национален тренер на репрезентацијата на Бугарија

Борче е многу добар човек со големо срце,откако Борче е претседател на македонската таеквондо федерација започнаа големи и сериозни успеси кои што претходно беа незамисливи,заради фактот што борче направи сериозни организациони и административни промени и дополнитело успеа да ги мотивира натпреварувачите.Споменатиот труд го донесе најголемиот таеквондо успех за Македонија до сега златен сениорски медал на европско првенство за Дејан Георгиевски,посакувам Борче да не ја губи таа енергија и да се пласиира на олимписките игри во Токио 2020.- Лазаров.

Лео Капри – Национален селектор на репрезентацијата на Албанија

 

Честитки за вашиот голем успех,во последните 3 години таеквондото во Македонија беше премногу успешно,очигледно дека македонската федерација добива многу таленти,огромните резултати постигнати на Г1 натпреварите особено златниот медал на европското сениорско првенство покажа добра стабилна и сериозна работа на македонската таеквондо федерација..

Сметам дека елитниот тим на македонската таеквондо федерација ќе создаде и медал на олимписките игри во Токио 2020.- Капри

Петра Мтијашевиќ- Врвен борец,поранешен член на македонската репрезентација,има освоено бронзен медал на европско сениорско првенство и тренер во еден од најсилните клубови во Европа ТК Марјан од Сплит!

 

Кога ми беше најтешко во мојата кариера Борче и Дарко Костовски како и целата македонска таеквондо федрација ме пречекаа и ми дадоа можност да се борам за македонскиот тим со што остваривме сериозно добри резултати меѓу кои и бронза на европско првенство за сениори.За соработката со македонската таеквондо федерација сум неизмерно благодарна,ми беше чест да бидам репрезентативец на Македонија.Она што го забележав во македонската таеквондо федерација беше многу потенцијал и чиста страст со многу посветеност која што мораше да даде успех,и тоа се докажа!Страста со која Борче како претседател на МТФ работи,спремноста и желбата да се надградува од сите извори наоколу го овозможија огромниот резултат на Дејан Георгиевски тоа е врвен резултат,европски сениорски шампион!Јас ќе бидам секогаш тука да помагам ако има потреба и сигурна сум дека Дејан ќе го оствари олимпискиот сон!- Мтијашевиќ.