вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

МОК со важни одлуки пред следните олимпијади во Токио 2020 и Пекинг 2022

МОК со важни одлуки пред следните олимпијади во Токио 2020 и Пекинг 2022

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) вклучи нови шест дисциплини во програмата на зимските олимписки игри во Пекинг 2022 и ја утврди програмата на летната олимпијада во Токио 2020.

Покрај тоа МОК ја скрати квотата на учесниците во натпреварите во биатлон за 20 лица. Во програмата за Пекинг се вклучени единечна трка во боб за жени, фристајл во дисциплината „Биг ер“ за мажи и жени, мешано тимско натпреварување во ски-слободен стил, мешано тимско натпреварување по сноуборд крос, мешано тимско натпреварување во ски-скокови и мешана штафета во кратки патеки.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 24 јули до 9 август, што ги прави најраната олимпијада од 1996 година во Атланта, кога натпреварувањата беа од 19 јули до 4 август. Програмата во Токио ќе вклучува 339 натпревари во рекордни 33 спортови. Церемонијата на отворање е закажана за 24 јули, а турнирите во фудбал и софтбол почнуваат два дена порано.

Од МОК прецизираат дека програмата на натпреварите во софтбол и безбол може да биде променета. Распоредот на фудбалскиот турнир пак треба да биде утврдена од страна на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во октомври оваа година.

Промена има и во составот на учесниците и количеството сетови медали за зимските игри во Пекинг 2022. На оваа Олимпијада ќе има повеќе учеснички жени и ќе биде речиси ист бројот на натпреварувачи од двата пола.

Во Пјонгчанг 2018 беа доделени 44 комплети медали кај жените, 50 кај мажите и 8 во мешани дисциплини. Во Пекинг кај жените ќе има 46 комплети медали, кај мажите 51, а во мешаните дисциплини – 12.

Во Пјонгчанг учествуваа 1.211 жени (41,9 проценти) и 1.722 мажи (59,1 проценти). Во Пекинг жените ќе бидат 1.314 (45,44 проценти), а мажите – 1.578 (54,56 проценти).

МОК ги скрати за 20 лица и учесниците на турнирот по биатлон во Пекинг 2022. Во Пјонгчанг 2018 бијатлонистите беа 230 (115 мажи и 115 жени). На Олимпијадата во Пекинг тие ќе бидат 210 (105 мажи и 105 жени).