четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 82
home Останати спортови

МОК четири години ќе добива финансиска помош од Маркетинг одделението на ИОК

МОК четири години ќе добива финансиска помош од Маркетинг одделението на ИОК

Македонскиот олимписки комитет во следните четири години ќе добива финансиска помош од страна на маркетинг одделението на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Првиот човек на МОК, Даниел Димевски денес го потпиша договорот со маркетинг одделението на Интернационалниот Олимписки Комитет и најави дека сите средства ќе бидат искористени за подготовка на македонските спортисти за следните Летни Олимписки Игри во Париз 2024 година.

„Претседателот на Даниел Димевски потпиша договор со Маркетинг одделението на Меѓународниот олимписки комитет според кој МОК во наредните четири години ќе добие износ од 30.000 американски долари годишно – средства кои исклучиво ќе се користат за подготовки на најдобрите македонски спортисти и нивно учество на меѓународните натпревари кои се квалификациски за учество на Олимписките игри Париз 2024“, информираат од МОК.

.

Коронавирус