петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 50
home Останати спортови

МОК без милост – доживотни суспензии за 11 Руси

Меѓународниот олимписки комитет доживотно суспендираше уште 11 руски спортисти бидејќи ги прекршиле допинг правилата на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.
МОК без милост – доживотни суспензии за 11 Руси

Меѓу нив се Иван Скобрев, двократен освојувач на медал во брзо лизгање на Игрите во Ванкувер во 2010 година, како и Артјом Кузњецов, исто така натпреварувач во брзо лизгање.

Суспендирани се и осојувачите на сребрени медали во санкање во Сочи, Татјана Иванова и Алберт Демченко, крос кантри скијачот Никита Кроков, Александер Бесмертњих и Наталија Матвева, натпреварувачите во бол Људмила Удобкина и Максим Белугин, како и хокеарките Татјана Бурина и Ана Шухукина.

На нив им се одземени медалите и забрането им е да учествуваат на следните Олимписки игри, соопшти Дисциплинската комисија при МОК. Оваа одлука е донесена во рамките на истрагата на Комитетот за допинг на руските спортисти на ЗОИ во Сочи.

МОК претходно реагираше и забрани Русија да учествува на Игрите во Пјонгчанг следната година, а право на настап ќе имаат само оние спортисти кои поканети од страна на комисијата на МОК, но во неутрална форма, односно без знаме и химна на Русија.