понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 188
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Останати спортови

Мојата вера не ни дозволува да славиме роденден: Славната тенисерка ги изненади фановите со изјавата пред првиот роденден на ќерката

Мојата вера не ни дозволува да славиме роденден: Славната тенисерка ги изненади фановите со изјавата пред првиот роденден на ќерката

Ќерката на тенисерката Серена Вилијамс, оваа недела ќе ја наполни својата прва година, но тениската легенда нема да го прослави нејзиниот роденден, бидејќи религијата ѝ забранува.

На конференцијата за новинарите, во текот на УС опен, Вилијамс јасно ги истакнала своите причини зошто нејзината ќерка нема да го слави својот роденден.

-Олимпија не слави родендени. Ние сме Јеховини сведоци, така што, не го правиме тоа, изјавила кратко Серена.

Инаку, тенисерката минатата година во интервју за магазинот „Вог“, обелоденила дека припаѓа на таа верска заедница.

-Таа е важна за мене, но никогаш не сум ги практикувала нејзините обичаи, иако сум сакала, рекла Серена.

Таа станала Јеховин сведок во 80-тите години на минатиот век, во периодот кога нејзината мајка преминала во оваа верска заедница.

Што се однесува до нејзиниот сопруг, ко-основачот на Редит Алекс Оханијан, се верува дека тој ги практикува обичаите заедно со неа.

-Алексис не пораснал со црква, но сепак се прилагоди и дури ја зема водечката улога.

Ги става моите потреби на прво место, истакнала Вилијамс во споменатото интервју.

Коронавирус