недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 26
home Останати спортови

Младата каратистка Минговска освои злато на Балканското првенство за деца во Бања Лука

Младата каратистка Минговска освои злато на Балканското првенство за деца во Бања Лука

Младата каратистка Анастасија Минговска од Кичево на 24. Балканско првенство за деца во Бања Лука, БиХ во нејзина конкуреција го освои првото место и златен медал.

Минговска е член на КК „Ускана” од Кичево која завчера вечерта во конкуренција на 26 натпреварувачи убедливо го освои првото место, успеа да излезе како победник најпрвин во дуелот против претставникот од Турција кого го победи со 3:2, потоа славеше над претставникот на БиХ со 5:0. На третата средба ја победи претставничката од Бугарија со 5:0. Потоа следуваа две средби против нејзини колешки од нашиот национален тим.

И во двата натпревари кичевчанката славеше со 5:0. Во борбата за првото место против Марија Бунтеска која го освои сребрениот медал, славеше со 4:1.

Вчера беше последен ден на ова Балканско првенството.