четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 160
home Останати спортови

Миша Зверев замена за Бекер на „Еуроспорт“

Миша Зверев замена за Бекер на „Еуроспорт“

Поранешниот тенисер Миша Зверев, постариот брат на третиот светски рекет Александр Зверев, е нив стручен коментатор на „Еуроспорт“ за Грен – слем турнирот во Ролан Гарос.

Тој ќе го замени Борис Бекер, кому судот во Лондон во април му изрече казна затвор од две и пол години поради финансиски измами при прогласувањето личен банкрот.

Телевизијата „Еуроспорт“ објави дека Миша Зверев ќе ја има истата задача како Бекер и ќе ги анализира натпреварите на парискиот Грен – слем, кој е на програмата од 22 мај до 5 јуни.

Бекер работеше како стручен коментатор на „Еуроспорт“ од 2017 година, а телевизијата, според весникот Билд, размислува да ја продолжи соработката откако германската тениска легенда повторно ќе биде на слобода.  (МИА)

Коронавирус