сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 94
home Останати спортови

Михаела Шифрин се враќа во Светскиот куп во скијање

Михаела Шифрин се враќа во Светскиот куп во скијање

Американската скијачка, Михаела Шифрин претстојниот викенд се враќа во Светскиот куп во алпско скијање по смртта на нејзиниот татко што беше причина да ги пропушти сите трки минатиот месец.

За време на паузата, актуелната сопственичка на Големиот Кристален глобус го загуби водството во генералниот пласман во Светскиот куп, па сега има 153 бода помалку од Италијанката Федерика Брињоне, а забрзано и се приближува Петра Влхова од Чешка чиј минус во моментот изнесува 36 бода.

– Успеав да тренирам и да скијам помалку во последните недели, но процесот на враќање е бавен. Се мачев со одржување на фокусот, меѓутоа престојот во планина делуваше терапевтски на мене. Заклучив дека тренинзите се начин да бидам поблиску до татко ми и истовремено ми овозможува доволна дистракција за тоа чувство на блоскост да се оддели од болката, порача Шифрин преку Твитер.

Наредните трки во Светскиот куп се закажани од 12 до 14 март во шведскиот зимски центар Оре, а потоа ќе следи и големото финале во сезоната во Кортина д’Ампецо. Последниот настап на Шифрин беше во Банско, Бугарија, каде победи во супервелеслалом.

Коронавирус