понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мигел Оливеира е победник на трката за ГН на Каталонија

Мигел Оливеира е победник на трката за ГН на Каталонија

Возачот на КТМ, Мигел Оливеира триумфираше на седмата трка од годинашниот шампионат во Мото ГП, за Големата награда на Каталонија.

Португалецот на патеката во Каталуља стигна до својата прва победа оваа сезона, а трета во кралската класа, откако за само 175 илјадитинки беше побрз од  Жоан Зарко на Прамак Дукати.

На Оливеира и Зарко на подиумот им се придружи возачот на Дукати, Џек Милер, иако всушност Фабио Квартараро со својата Јамаха трет ја мина целта.

Французинот беше казнет со три секунди по завршувањето на трката, бидејќи ја пресече патеката и не му ја препушти позицијата на Милер.

Во генералниот пласман Квартараро сè уште е прв со 118 поени, а го следат Зарко со 101 и Милер со 90.

ЕУРО 2020

Македонија