недела, 27. септември 2020. Вести денес: 24
home Останати спортови

„Мерцедес се повлекува од Формула 1 и тимот го продава за – 750 милиони евра“

„Мерцедес се повлекува од Формула 1 и тимот го продава за – 750 милиони евра“

Доминацијата на германски Мерцедес со Луис Хамилтон во Формула 1 веројатно доаѓа до самиот крај, откако поранешниот прв човек на Џордан, Еди Џордан за англиските медиуми најави дека Мерцедес наскоро ќе се повлече од Ф1 и ќе го продаде тимот за 750 милиони евра.

Џордан беше дел од Формула 1 во 90-те години од минатиот век, а сега ирскиот бизнисмен најавува дека Мерцедес за 70 отсто од акциите, тимот ќе го продаде на својот моментален спонзор Инеос, а актуелниот шеф Тото Волф повеќе нема да биде дел од овој тим.

„Инеос веќе е еден од главните спонзори на Мерцедес во Ф1 и ова ќе биде елегантно излегување на овој тим од ‘октанскиот циркус’. Тимот кој ќе се вика Инеос ќе задржи сè, од целиот имот во Бракли, а Мерцедес ќе стане само со 30 отсто во сопственичката структура. Плус, Тото Волф нема повеќе да биде шеф“, вели Џордан.

Засега Мерцедес ги демантира ваквите најави, но уште пред повеќе од шест месеци се појави првата шпекулација дека гермнаскиот производител заминува од Формула 1 поради драстичните кратења на трошоците во оваа мегакомпанија.

„Како тие би биле подобри од тоа што се сега? Тоа е невозможно. Тешко е да направат нешто повеќе од ова и сега е идеално време да се повлечат, а и Волф да се повлече. Тој веќе сега е еден од најголемите менаџери во историјата на Ф1. Тој тоа што го направи сега со Мерцедес е рамно на Жан Тод и Рос Браун и го ставаат рамо до рамо со овие великани“, додава Џордан.

Мерцедес има шест титули во низа кај конструкторите со Хаилтон, Ботас и Нико Розберг во овој период, а од овие шест доминантни сезони во пет Хамилтон беше првак, а во една Розберг. Како тече и оваа сезона, Мерцедес скоро е шампион, а Хамилтон после седум победи на вистински пат да освои нова круна.

Коронавирус