недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мерцедес казнет со 5.000 евра

Мерцедес казнет со 5.000 евра

Формула 1 тимот на Мерцедес, треба да плати казна од пет илјади евра, откако инспекцијата на Интернационалната автомобилска федерација, ФИА, утврдила прекршување на едно правило поврзано со горивото.

На првиот слободен тренинг во Сингапур, температурата на горивото била пониска од дозволената. Според правилата, горивото не смее да биде оладено за повеќе од 10 степени целзиусови во однос на надворешната температура на воздухот. Во болидот на светскиот првак Луис Хамилтон, измерената температура била за 11 степени пониска.

Попладнево се возат официјалните квалификации за Големата награда на Сингапур на патеката „Марина беј“, а трката е утре.