четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мерцедес го претстави шампионскиот болид за новата сезона

Мерцедес го претстави шампионскиот болид за новата сезона

Тимот на Мерцедес го откри изгледот на својот болид за новата сезона во Формула 1 во која Луис Хамилтон ќе се обиде да ја освои рекордната осма титула.

Новиот болид на гермаскиот тим ќе го носи името „W12“ и повторно ќе биде со црна боја наместо сребрената. Минатогодинешниот дизајн на болидот на Мерцедес требаше да биде сребрен, но тој е променет во црн како дел од борбата против расната нееднаквост.
Од воведувањето на хибридната турбо ера, Мерцедес е незапирлив освојувајќи седум двојни титули по ред. Шест титули донесе Хамилтон, а една Нико Розберг.

Германскиот тим и во новата сезона ќе вози со идентична постава како и минатта, Луис Хамилтон и Валтери Ботас. И двајцата возачи потпишаа едногодишни договори.
Новата сезона ќе започне на 28. март со трката за ГН на Бахреин.

Коронавирус