сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 81
home Останати спортови

Медведев победи на завршниот АТП турнир

Медведев победи на завршниот АТП турнир

Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Австриецот Доминик Тим во финалето на АТП завршниот турнир во Лондон.

Во меч што траеше 2 часа и 42 минути Медведев до трофејот стигна по 2-1 во сетови (4:6, 7:6 и 6:4).

Русинот направи 12 аса и три двојни грешки. Австриецот шест аса и една двојна грешка.

Медведев стана вториот Русин во историјата кој победил на завршниот турнир на АТП. Претходно тоа му успеа на Николај Давиденко во 2009 година.

Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 5,7 милиони долари.

Коронавирус