сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 67
home Останати спортови

Медведев: Ако умрам на теренот, кој ќе биде одговорен? (Видео)

Медведев: Ако умрам на теренот, кој ќе биде одговорен? (Видео)

Пеколните горештини во Токио им создаваат најмногу проблеми на тенисерите, бидејќи олимпискиот турнир во „белиот спорт“ се игра преку ден кога температурите достигнуваат близу 40 степени, сето тоа проследено со неверојатно влажен воздух.

За ова веќе се жалеа голем број тенисери, но тоа не донесе никаква промена и осминафиналните мечеви се играа во истиот термин.

Еден од првите беше вториот фаворит за златниот медал, Данил Медведев, кој на пресметката со Фабио Фоњини си зема одмор поради топлотниот удар кој го доби.

Русинот го доби Италијанецот со 2:1 во сетови, но во еден момент имаше прашање до судијата.

– Можам да го завршам мечот, но може и да умрам. Ако умрам, кој ќе биде одговорен?, – запраша нервозниот Медведев кој веќе се бунеше за нехуманите услови во кои се игра тенис во Токио.

Коронавирус