среда, 8. февруари 2023. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Расте бројот на загинати во Турција и Сирија, спасувачите во трка со времето

home Останати спортови

Медалите на ОИ во Токио направени од рециклирана електроника, користени паметни телефони и компјутери

Медалите на ОИ во Токио направени од рециклирана електроника, користени паметни телефони и компјутери

Претставникот на организацискиот одбор на Олимписките игри во Токио, Јуки Арата, објави за видот на материјалот од кој ќе бидат направени медали за спортистите.

– Произведовме 5 000 медали кои се направени од рециклирана домашна електроника. Станува збор за паметни телефони, компјутери. Сè беше собрано и донесено кај нас од жителите на Токио. Подиумот, на кој ќе се одржи доделувањето на наградите, исто така е еколошки – тој е направен од рециклирана пластика, информира Арата.

На 8 јули стана познато за воведување вонредна состојба во Токио поради коронавирусот.

Летните олимписки игри во Јапонија ќе се одржат од 23 јули до 8 август.