среда, 25. мај 2022. Вести денес: 166
home Останати спортови

Мечот на Мејведер откажан поради смртта на шеикот на ОАЕ

Мечот на Мејведер откажан поради смртта на шеикот на ОАЕ

Егзибицискиот меч на Флојд Мејведер Јуниор против Дон Мур е откажан само 24 часа пред закажаниот термин поради смртта на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Халифа бин Зајед.

73-годишниот шеик почина во петокот по долга борба со болест, по што беше објавена 40-дневна жалост во емиратите и целосен прекин на работата во следните три дена.

Токму поради ова, мечот на Мејведер против својот поранешен спаринг партнер, кој требаше да се оддржи на хелипадот на врвот на славната зграда Бурж Ал Араб во Дубаи, е откажан. На мечот требаше да присуствуваат само 40 ВИП фанови, кои своите билети требаа да ги купат како НФТ-токени во вредност од 175.000 евра.

Самиот Мејведер се јави на социјалните мрежи со посвета за претседателот: „Праќам сочуство до сите во Обединетите Арапски Емирати. РИП Шеик Халифа бин Зајед“.

Коронавирус