сабота, 4. декември 2021. Вести денес: 18
home Останати спортови

Мечот Џошуа против Фјури дефинитивно во август

Мечот Џошуа против Фјури дефинитивно во август

Долгоочекуваниот меч за обединување на титулите во тешка категорија меѓу британските боксери Ентони Џошуа и Тајсон Фјури ќе се одржи во август во Саудиска Арабија.

Не можеме повеќе да криеме. Мечот ќе се одржи помеѓу 7. и 14 август, – најави промоторот на боксерскиот спектакл Еди Хем.

Мечот ќе се одржи во Саудиска Арабија, земјата која организациски беспрекорно го одработи мечот меѓу Џошуа и Енди Руиз, додаде Хем, напоменувајќи дека завршните детали околу борбата ги прецизираат адвокатските тимови на двете страни.

Светскиот првак во тешка категорија во верзијата WBC, Фјури последен пат влезе во рингот пред повеќе од една година кога го нокаутираше Американецот Дентај Вилдер, додека Џошуа во ноември лани го совлада Бугаринот Кубрат Пулев и со тоа ги одбрани титулите во IBF, WBO и WBA.

Коронавирус