петок, 7. мај 2021. Вести денес: 173
home Останати спортови

Мечот Џошуа-Фјури нема да се одржи оваа година?

Мечот Џошуа-Фјури нема да се одржи оваа година?

Тајсон Фјури и Ентони Џошуа требаше да се борат за титулата на светски шампион во супертешка категорија, но најверојатно спектаклот нема да се одржи оваа година.

Промотерот на Фјури, Боб Арум вели дека преговорите за борба во Саудиска Арабија се далеку од завршени и најверојатно двајцата боксери ќе мора да бараат нови ривали.

„Многу работи не се договорени. Преговорите би можеле да траат со месеци. Борба во јули или август делува како невозможна мисија. Не верувам дека мечот ќе се одржи до крајот на годината. Можеби Фјури и Џошуа би можеле да пронајдат нови противници“, вели Арум.

Коронавирус