недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 104
home Останати спортови

Матијашевиќ го објави списокот на најдобрите одбојкари во пресрет на Европската Сребрена лига

Матијашевиќ го објави списокот на најдобрите одбојкари во пресрет на Европската Сребрена лига

Селекторот на машката одбојкарска селекција Никола Матијашевиќ направи стандарден избор на кандидати за репрезентацијата за претстојниот настап во Европската сребрена лига на ЦЕВ.

Подготовките ќе почнат на 3 мај – понеделник и комплетно ќе се одвиваат во Струмица, а на нив повикани се дваесет играчи, покрај оние коишто го носеа црвено-жолтиот дрес на јануарските квалификации за ЕП 2021, во конкуренција сега ќе бидат уште шестмина.

Повикани одбојкари за настап во Европската сребрена лига:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Ефтим Ричлиев

Коректори: Никола Ѓорѓиев, Стефан Алексов, Стојче Арсов, Иван Андонов (коректор / блокер)
Примачи: Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Лука Костиќ
Блокери: Ристо Николов, Филип Маџунков, Славе Наков, Филип Савовски, Филип Лепидовски
Либера: Васе Михаилов, Дарко Ангеловски, Филип Николовски, Костадин Ричлиев
Резерви: Марко Јуниор Стошиќ и Давид Стојанов (техничари), Тино Шулајковски и Михајло Мирасчиев (блокери)

Македонија ќе игра во групата А заедно со Данска, Израел и Кипар. Во групата Б се наоѓаат Хрватска, Луксембург, Унгарија и Австрија. Македонија ќе биде домаќин на завршниот турнир, а силно се посакува златото кое недостасува во „колекцијата“, по три сребрени и еден бронзен медал.

foto:gol.mk

ЕУРО 2020

Македонија