петок, 20. мај 2022. Вести денес: 0
home Останати спортови

Матео Беретини против Рафаел Надал во полуфиналето на АО

Матео Беретини против Рафаел Надал во полуфиналето на АО

Матео Беретини ќе му се спртивстави на Рафаел Надал во полуфиналето на Австралија Опен. Тенисерот од Италија, за нешто помалку од четири часа го победи Гаел Монфис со 3:2.

Беретини, слично како и неговиот следен противник, испушти предност од 2:0 во сетови, но на крајот победи со 6/4, 6/4, 3/6, 3/6, 6/2.

Францускиот тенисер сепак не успеа да го искористи моментумот. Беретини, во решавачкиот сет, експресно направи два брејка, поведе со 4:0 и го заклучи мечот.

Беретини, со следниот противник, има одиграно само еден меч, во полуфиналето на Ју-ес опен во 2019 година. Победата му припадна на Надал.

Коронавирус