среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Останати спортови

Масовна хокеј тепачка заврши со „ферка“ помеѓу голманите (видео)

Масовна хокеј тепачка заврши со „ферка“ помеѓу голманите (видео)

Во канадското дерби помеѓу Едмонтон и Калгари играа тупаниците, а масовната тепачка заврши со пресметка од тешка категорија, помеѓу голманите.

Калгари Флејмс го пречека Едмонтон Ојлерс во дербито на Пацифик дивизијата од Западната конференција. Гостите имаа водство од 6:3 кога во последната минута од втората третина настана масовна тепачка.

Сѐ започна кога при еден напад на гостите Сем Гагнер со палката го удри домашниот голман Камерон Талбот по што ТиЏеј Броуди и Марк Џордано му се нафрлија, па неговите соиграчи мораа да му дојдат на помош.

Настана општа тепачка која кулминираше со „ферка“ помеѓу голманите Кам Талбот и Мајк Смит. Голманите во хокеј носат многу тешка опрема и затоа доколку влегуваат во тепачка ферски е да се пресметуваат само голман со голман бидејќи во спротивно битката би била нерамноправна.

Епилогот од тепачката беше: исклучени вкупно 8 играчи, по четворица од секој тим. Најдебелиот крај го извлекоа голманите Талбот и Смит кои добија суспензија од вкупно 15 минути.

На крајот славеа Ојлерс со 8:3. Едмонтон е 5-ти со 62 бода во Западната конференција, додека ривалот Калгари е 7-ми со два бода помалку.