Останати спортови

Марк Маркез победи на трката во Арагон

Марк Маркез победи на трката во Арагон

Шпанецот Марк Маркез ја оствари четвртата победа сезонава и триумфираше на Големата награда на Арагон, комплетирајќи го совршениот викенд за него.

Маркез беше најдобар и на тренинзите и во квалификациите, а со победата на главната трка само го потврди својот статус и освои нови важни бодови во трката за шампионската титула.

Марк Маркез е лидер во генералниот пласман со 233 бодови, а 32 помалку има неговиот брат Алекс. Пеко Бањаја е на третата позиција со вкупно 140 бодови.

Следната трка ќе се вози во Италија, за време на викендот меѓу 20 и 22 јуни.

To top