недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 57
home Останати спортови

Маркез му подаде рака на Роси, погледнете ја реакцијата на Валентино (Видео)

Маркез му подаде рака на Роси, погледнете ја реакцијата на Валентино (Видео)

Овој викенд на програмата е трката за Големата награда на Сан Марино и Римини која всушност е домашна на најпопуларниот возач во Мото ГП шампионатот, Валентино Роси, а токму „Докторот“ се погрижи за една необична ситуација на денешната прес-конференција со која традиционално стартуваат возбудувањата во „кралската класа“.

Добро познато е дека Маркез и Роси својата прва војна на патеката ја имаа во 2015 година на трката за Големата награда на Малезија, случувања по кои славниот италијански возач го обвини Шпанецот за директен виновник што не ја освои јубилејната 10-та титула во сите категории.

Нивната нетрпеливост траеше навистина долго, но сепак во еден момент успеаја да се смират страстите, но тоа траеше само до почетокот на оваа сезона кога Маркез на трката во Аргентина го турна Роси кој подоцна одби да го прифати извинувањето.

Оттогаш, двајцата се немаат поздравено ниту еднаш на мото-трките и покрај тоа што неколку пати го делеа подиумот, а денеска еден од новинарите го запраша Маркез дали има проблем да му подаде рака на Роси.

Шпанецот истакна дека нема никаков проблем и му подаде рака на Италијанецот, но сепак Валентино одмавна со главата и го остави Шпанецот да виси со раката.

– Нема потреба да се ракуваме, ние сме добро. Немаме никаков проблем, – истакна Роси откако ситуацијата на пресот стана доста деликатна.