вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 172
home Останати спортови

Маркез е „лудак“: До пол-позиција со 2,5 секунди побрзо време од вториот (ВИДЕО)

Маркез е „лудак“: До пол-позиција со 2,5 секунди побрзо време од вториот (ВИДЕО)

Актуелниот светски шампион Марк Маркез имаше неверојатни квалификации за Големата награда на Чешка во Мото ГП шампионатот. Тој стигна до пол-позицијата со дури 2,5 секунди побрзо време од второпласираниот Џек Милер.

Мотоциклистот на Хонда на патеката „Брно“ извозе со време од 2:02,753 минути. Зад второпласираниот Милер ќе стартува Јохан Зарко за кого ова ќе биде прв старт од првиот ред и прв воопшто за неговиот тим КТМ.

Со оваа пол-позиција Маркез го израмни рекордот на легендарниот Мик Дуан и сега двајцата имаат по 58 триумфи во квалификациите.

ИЗВОР: СПОРТ1