понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Маркез: Безбедноста на возачите најважна

Маркез: Безбедноста на возачите најважна

Актуелниот светски шампион во мотоциклизам, Марк Маркез во целост ја поддржува одлуката за откажувањето на трката за Големата награда на Велика Британија.

Мотоциклистите вчера требаа да возат на легендарната патека „Силверстоун“, но условите на асфалтот не беа добри.

– Комисијата за безбедност не сослуша нас возачите и донесе одлука која сметам дека е правилна. На прво место беше ставена безбедноста на натпреварувачите. Без оглед што ова е прво откажување по 400 трки, тоа мораше да се случи. На одредени делови на патеката имаше многу вода и лесно можеше некој од нас да падне. Треба да се има во предвид дека на трката учествуваат 24 мотоцикли. Друго е кога само еден возач е на патеката, изјави лидерот во Генералниот пласман.

Маркез со ветување дека следната година возачите ќе им го надоместат задоволството на навивачите кои беа лишени од возбудливи моменти на „Силверстоун“.