вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 75
home Останати спортови

Маркез бара прошка од Валентино Роси

Маркез бара прошка од Валентино Роси

Валентино Роси и Марк Маркез се во расправија веќе три години, откако двајцата возачи имаа сериозен инцидент во Австралија и Малезија, а оваа година во Аргентина повторно го отворија тие рани.

Страстите се смирија и по Аргентина, но Маркез во интервју за Кориере дело Спорт, ја префрли топката кај Роси, порачувајки дека од негова страна е се простено.

„Не зависи тоа само од мене, туку и од Роси. Во Аргентина се случи проблем во трка, а барав прошка. Казнет сум со одземање на бодови и што уште треба јас да сторам“, прашува Маркез.

Двоецот имаше инцидент во Малезија 2015 година, тоа веројатно беше и најкрупниот меѓу нив, бидејки на таа трка, Роси буквално по излетувањето од позиција која му гарантираше успех, буквално ја загуби титулата.

Коронавирус